Четворица директори го напуштија Твитер

Главниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси потврди дека уште четворица директори си заминале од компанијата откако твитна детална изјава за нивниот придонес во развојот на познатата социјална мрежа.

Дорси потврди дека си заминале заменик-претседателот на инженеринг, Алекс Ротер, потпретседателот на глобалните медиуми Кејти Џејкобс Стентон, потпретседателот на човековите ресурси Скип Скипер и сениор заменик-претседателот на производи Кевин Вејл.

Обидувајќи се да ги убеди вработените и инвеститорите за стабилноста на компанијата, Дорси изјави дека главниот оперативен директор Адам Бејн ќе преземе дополнителни обврски, вклучувајќи ги и тимовите поврзани со приходите, медиумите и човечки ресурси.

Главниот службеник за технологија Адам Месинџер ќе го води инженерингот, производите, дизајнот и истражувањето. Според Дорси двајцата ќе бидат партнери „дење и ноќе” за да го координираат развојот на компанијата.

Твитер е под зголемен притисок од акционерите да ги зголеми приходите и да биде поагресивен против конкурентите, вклучувајќи го Фејсбук и помладите ривали како што е Snapchat.

Наскоро компанијата се очекува да објави два нови членови на бордот – нов директор на маркетинг и шеф на ПР, пренесуваат Re/code и New York Times.

Долгогодишниот инвеститор во Твитер, Крис Сака, кој исто така беше отворен во својата критика на компанијата, изјави дека Дорси ќе биде во можност да назначи силен талент, но дека Твитер ќе треба да се осигура дека новите членови на бордот ќе ја зголемат неговата разновидност.

Извор: Гардијан