Четириесет млади успешно завршија циклус обуки за претприемништво и граѓанска ангажираност

На 13-ти февруари, со почеток во 17 часот во Јавна соба – Скопје се одржа натанот „Вештини за Млади“ настан за граѓанска ангажираност и претприемништво.

Претприемачи, бизнис експерти, активисти, креатори на стартапи и претставници од јавни институции и здруженија на граѓани, споделија знаења и искуства на теми поврзани со граѓанско учество, активизам, образование, информации и можностите за млади претприемачи. Преку овој настан МОФ се стреми да инспирира и информира за можностите за вклучување во претпремнички активности и активно делување.

Настанот беше организиран во склоп на проектот Градење на следната генерација на млади лидери и е во партнерство со Институт за европска политика, а поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво (CIPE).

Во склоп на проектот беа организирани два циклуси на обуки за Граѓанска ангажираност и Претприемништво, а на овој настан на 40 учесници од обуките им беа доделени сертификати за учество. По завршување на обуките учесниците имаа можност да аплицираат со предлог концепти за креирање на иницијативи и стартапи, а после настанот со повеќе знаење и искуство ќе продолжат да работат на истите и ќе ги реализираат до крајот на месец јуни 2017.

Со шест говорници и 70 гости во публика, настанот обезбеди едукација, интеракција и инспирација за учесниците на Обуките за вештини за млади како и други индивидуи чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.

Говорници на овој настан беа Виолета Качакова (Кино Култура), Марија Матовска (координаторка на Наградата за социјално претприемништво за Македонија), Јован Маџовски (CEED Hub Skopje), Катерина Кречева (Фонд за иновации и технолошки развој), Фатмир Битиќи (извршен директор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија) и Нино Карас (сопственик и креатор на платформата Letz).