Четириесет лица починаа од Ковид-19 во изминатите 24 часа – 591 новозаразен

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа од Ковид-19 починале рекордни 40 лица, односно, десет пациенти од Скопје на 76, 61, 66, 51, 66, 72, 52, 83, 49 и 84 години, двајца од Куманово на 77 години, тројца од Штип на 70, 62 и 80 години, пет од Прилеп на 63, 62, 66, 54 и 64 години, еден од Тетово на 55 години, двајца од Струга на 56 и 60 години, тројца од Велес на 70, 51 и 89 години и тројца од Битола, еден пациент на 71 година и двајца на 69 години.

Од Ковид-19 починаа двајца пациенти од Кавадарци на 67 и 78 години, тројца од Гостивар на 71, 65 и 81 година, еден од Дојран на 56 години, еден од Струмица на 84 години, еден од Крушево на 76 години, еден од Свети Николе на 68 години и двајца пациенти од Кичево на 75 и 81 година. Од МЗ додаваат дека еден пациент починал вон, додека другите пациентите починале во болнички услови.

Во последните 24 часа пак, направени се 1.683 тестирања и регистриран е 591 нов случај, односно, 218 случаи во Скопје, 47 во Куманово, 46 во Гостивар, 36 во Битола, 29 во Кичево, 28 во Тетово, 26 во Прилеп, 24 во Велес, 22 во Струмица, 21 во Штип, 16 во Свети Николе, 15 во Неготино, десет во Виница, по девет во Кавадарци и Кочани и шест во Ресен.

Потоа, по пет случаи на Ковид-19 се регистрирани во Валандово и Делчево, четири во Крива Паланка, три во Пробиштип, по два во Струга, Охрид и Крушево и по еден случај е регистриран во Радовиш, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево, Берово и Кратово.

Институтот за јавно здравје регистрирал 439 оздравени пациенти, односно, од Скопје-102, Штип-22, Прилеп-42, Тетово-49, Струга-21, Велес-36, Охрид-51, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-2,  Струмица-33, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Кочани-20, Пробиштип-5, Пехчево-1, Берово-5, Свети Николе-4 и од Неготино-14.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 47636, бројката на оздравени пациенти е 27803, на починати е 1345, а бројот на активни случаи изнесува 18488. Денеска се евидентираат пет контролни теста од вчера“, информираат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 293.872 тестирања на Ковид-19.