Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека на Клиниката за инфективни болести починале четворица пациенти. Односно, се работи за пациентка на 79-годишна возраст и пациент на 63-годишна возраст од Скопје, пациент од Велес на 58-годишна возраст и пациент од Прилеп на 67-годишна возраст.
Во изминатото деноноќие се потврдени 26 нови случаи на Ковид-19, односно по градови, 11 случаи се регистрирани во Куманово, четири во Скопје и Тетово, три во Прилеп, два случаи во Велес и по еден случај во Кочани и Пробиштип. Со ова, вкупниот број на дијагностицирани со коронавирусот во државава се искачи на 854 лица.
Од МЗ соопштуваат дека во Штип се регистрирани тројца оздравени пациенти од Ковид-19, кои со лесна форма на болеста се лекувале во домашни услови.
Досега во земјава се направени вкупно 8.552 тестирања на Ковид -19, додека во изминатото деноноќие се направени 330 теста.