Четворица починати, 119 новозаразени и 89 оздравени од Ковид-19 во изминатите 24 часа

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека се потврдени 119 нови случаи на Ковид-19, односно, регистрирани се 35 случаи во Скопје, 17 во Штип, 15 во Куманово, по осум во Битола, Гостивар и Кичево, пет во Демир Хисар, четири во Тетово, по три во Прилеп, Струга, Велес и Охрид, два случаи во Кавадарци и по еден случај во Крива Паланка, Кочани, Берово, Свети Николе и Ресен.

Во изминатите 24 часа се починати четири лица, односно, три пациенти од Скопје на 65, 66 и 73 години и еден пациент од Гостивар на 72-годишна возраст. Сите пациенти, додаваат од МЗ, се починати во болнички услови.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10617, бројката на оздравени пациенти е 6020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4117. Од вчерашните 5 теста се конторлни и се евидентираат денес“, информираат од МЗ.

Институтот за јавно здравје регистрирал 89 оздравени пациенти, односно, 26 од Тетово, 22 од Скопје, 12 од Штип, десет од Куманово, по четири од Битола и Ресен, три од Кичево, по два од Пробиштип и Свети Николе и по еден од Струга, Велес, Демир Хисар и Кратово.

На Инфективната клиника во Скопје, во изминатите 24 часа примени се тројца пациенти,а вкупно е хоспитализиран 81 пациент. Од нив, на кислородна поддршка се 40 пациенти, а нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани десет возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и две деца позитивни на вирусот.

„Во ГОБ ‘8 Септември’ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19“, соопштуваат од МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 100.940 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 1.325 теста.