„Четири годишни времиња“ од Вивалди и Пјацола со врвните Анна и Олег Кондратенко

Македонската филхармонија со голема радост го најавува концертот „Годишни времиња – Пјацола/Вивалди“, кој ќе се одржи овој четврток, на 26 април во 20 часот. Како солисти ќе настапат едни од најдобрите македонски музички уметници, виолинистите Анна и Олег Кондратенко.

За првпат во Македонија, ќе бидат изведени, во иста вечер, истоимените дела „Четири годишни времиња“ од двајцата истакнати композитори кои твореле во различни епохи – Антонио Вивалди и Астор Пјацола.

Комбинацијата на истоимените дела на Вивалди и Пјацола, ќе донесе сплет од различни расположенија, а и ќе ги нагласи културолошките разлики помеѓу медитеранска Европа и срцето на Јужна Америка.