Чернобил: Украинските авторитети апелираат за смиреност додека пожарите беснеат

Украинските авторитети повикале на смиреност додека пожарникарите се борат со пожарите близу до Чернобил.

Високо поставен службеник од итните служби соопштил дека не постои закана за нуклеарниот погон или за објектите за складирање, додека заменик министерот за внатрешни работи, Антон Герасченко инсистирал дека сè ќе биде добро.

Но, постои страв дека пожарите се прошириле на голема површина. Од „Гринпис Русија“ истакнале дека пожарот моментално е само еден километар до нуклеарниот погон.

Руското невладино претставништво според цитирањето на „Ројтерс“, изјавило дека најголемиот оган е проширен на 34,000 хектаметри, додека вториот пожар, кој се доближил скоро еден километер до плантажата зафаќа 12 хектаметри.

Иако пожарите биле вообичаена појава за оваа област, од „Гринпис“ соопштиле дека овие два се најлоши во декадата. Полицијата уапсила 27 годишно лице кое е обвинето за започнување на пожарите на 4 април оваа година.

Во 1986, поранешната нуклеарна плантажа доживеала катастрофа која прошири радиоактивност низ Европа.

Чернобил и блискиот град „Припјат“ оттогаш се напуштени, иако во последно време биле посетени од голем број туристи.

Каква е ситуацијата?

Итните служби продолжувале да се борат со пожарите, додека Украина испратила стотици пожарникари, авиони и хеликоптери.

Авторитетите во Киев соопштиле дека не постои причина за алармираност. Во објава на „Фејсбук“, Герасченко повикал на „смиреност и само смиреност“, инсистирајќи дека цврстата бетонска стуктура која била изградена за да ја покрие поранешната нуклеарна плантажа е безбедна и дека нема промена во нивото на радијација.

Обидите за задржување на пожарите се комплицирани поради катастрофата, додал тој, истакнувајќи дека пожарникарите не можат да ископаат ровови за да го запрат пожарот бидејќи може да се откопаат радиоактивни честички, но авионите потопиле големи површини со вода.

„Задачата на спасувачите е да се спречи ширењето на пожарот до опасната инфраструктура. Тие успешно ќе ја завршат својата мисија. Ве молам да не се мешате во нивната работа. Не ширете дезинформации, невистини и небулози. Сè ќе биде во ред“, стоело во објавата на Герасченко.

Но други велат дека ситуацијата е влошена.

Сергеј Збичев, кој е на чело на Регионалниот мониторинг центар за пожари во Источна Европа, за медиумската агенција „АФП“ изјавил дека пожарите станале огроми и непредвидливи.

Локалниот туристички водич Јарослав Емелианенко истакнал дека едниот од пожарите стигнал до Припјат. Тој додал дека пожарот бил на оддалеченост од само два километри од најопасното складиште на нуклеарен отпад. „Ситуацијата е критична“, напишал Емелианенко на својата „Фејсбук“ објава.

Тој дополнил дека пожарите кои го обиколиле Припјат ќе бидат економска катастрофа, бидејќи преку туристичките тури правел голема заработка.

Во 2018 година, повеќе од 70, 000 луѓе го посетиле Припјат. Минатата година заработката била уште поголема поради успешниот минисеријал на ХБО кој ја обработуваше нуклеарната катстрофа.

Чернобилската нуклеарна плантажа и градот Припјат се напуштени уште од 1986 година, кога експлодираше четвртиот нуклеарен реактор на плантажата. Оттогаш на луѓето им е забрането да се населат на радиометар од 30 километри. Чернобил продолжил да генерира енергија до 2000 година, кога бил затворен последниот функционален реактор.

Извор: BBC