Поранешната американска разузнавачка аналитичарка Челси Менинг е ослободена од затвор откако завчера се обидела да изврши самоубиство. Менинг беше затворена поради одбивањето да сведочи за истрагата за „Викиликс“.
Таа денес требаше да се појави на судско рочиште, но федералниот судија Ентони Тренга вчера наредил Менинг да биде ослободена од затворот во американската сојузна држава Вирџинија. Судот донесе пресуда против Менинг според која таа треба да плати парична казна од 256.000 долари.
Во 2013 година, беше прогласена за виновна за шпионажа поради протекување тајни воени досиеја на „Викиликс“, но нејзината казна беше намалена во 2017 година од тогашниот американски претседател Барак Обама.
Таа одби да одговори на дополнителни прашања во врска со „Викиликс“, бидејќи изјави дека веќе сведочела за време на судењето во 2013 година.