Charlie Hebdo со насловна страница посветена на нападите во Париз

Сатиричниот магазин кој изгуби 11 вработени кога вооружени напаѓачи упаднаа во редакцијата во јануари, реагира на нападите кои се случија во петокот.

Charlie Hebdo ја објави на Twitter насловната страница од новото издание, кое ќе се најде во продажба утре.

На црвената насловна под цртежот од човек со повеќекратни рани од куршуми, расположен и со шампањ во рацете, пишува „Тие имаат оружје. Кој ги е**, ние имаме шампањ“.


Повеќе од 300 луѓе се повредени, а најмалку 129 убиени во серијата напади во Париз, кои се случија во петокот.

Многумина атмосферата во Париз во изминатите денови ги потсетила на состојбата после 7-ми јануари минатата година, кога браќата Саид и Шериф Куаши, припадници на јеменскиот огранок на Ал Каеда, упаднаа во редакцијата на Charlie Hebdo и убија 11 карикатуристи и новинари.

Извор: Independent