Чадор-револуција во Хонг Конг: Демонстрантите се истоштени, но одлучни и креативни

Демонстрантите продолжуваат со чадор-револуцијата која речиси три недели се случува на улиците на Хонг Конг. Студенти, стари луѓе, деца, парови, пријатели, фамилии, странци, политичари, па дури и медиумите остануваат на протестите. Иако демонстрантите признаваат дека веќе се истоштени, велат дека се поодлучни од кога било, опремени со шатори, душеци и поорганизирани барикади.

Чадор-револуција во Хонг Конг: Демонстрантите се истоштени, но одлучни и креативни

Откако вчера полицијата се обиде да ги тргне барикадите, кај демонстрантите се јави чувството на бес. Ова предизвика несогласувања на Квинсвеј – улицата на којашто обично минуваат голем број автобуси и познатите двокатни трамваи.

Полицијата дејствуваше во раните утрински часови со цел да ги фати демонстрантите неподготвени, со употреба на малку сила и без солзавец.

„Бесни сме што владата не сакаше ни да разговара со нас“, рече Вин Чан, млад учител по уметност и моден дизајнер којшто се приклучил на протестите уште од самиот почеток. Вчера, тој седеше мирно и ги разгледуваше сликите кои ги направил во последните неколку недели.

„Владата продолжува да прави работи што ги лутат граѓаните, затоа луѓето ќе се враќаат повторно и повторно“, додава тој.

Демонстрантите се покажаа како доста креативни. Како барикади употребуваат се што е подвижно. Покрај старите огради, се корисат и бамбусови дрва кои се користат и како скелиња. Тие користат и столици, канти за ѓубре, дури и знаци за автобуска станица.

Хонг Конг до 1997 година беше британска колонија, потоа Велика Британија и го врати на Кина. Досега во Кина владееше принципот – една држава, два системи кој требаше да трае до 2047, иако никогаш не се дефинираше што ќе се случи понатаму.

Чадор-револуцијата започна со мирни протести на студентите пред седиштето на градските власти, во финансиската област наречена Централ, откако беше објавен контроверзниот план за избори во Пекинг за 2017 година со кој се ограничуваат реформите во изборите.

Извор: Mashable