Центар за социјална работа на град Скопје – Работиме 24/7 за пријави од граѓани

Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје апелира до граѓаните да го контактираат центарот секогаш кога ќе добијат информација дека е потребна помош и поддршка на некое лице или семејство во ризик. Со пријавувањето на овие случаи, велат дека граѓаните задено со институциите моѓат ефикасно да делуваат при обезбедувањето помош, но и да спречат евентуални злоупотреби.

Како што појаснуваат од Центарот за Радио МОФ, граѓаните може да ги пријавуваат сите лица кои се во ризик, како бездомници, деца што питаат, се запоставени или оставени од своите родители. Може да пријавуваат и семејно насилство, но во тој случај, појаснуваат во Центарот, се постапува најчесто заедно со полицијата.

Пријавите, велат, ги разгледува специјализиран тим формиран минатата година.

„Тимот постапува по итни предмети од ранливи категории на корисници на права и услуги во надлежност на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје. Специјализираниот тим е во функција 24/7, односно е задолжен за вршење итни увиди во кое било време на денот и во текот на викендите“, појаснуваат од Центарот.

Тимот, како што е наведено во соопштението, се постапува по примен повик на дежурните телефонски броеви: 078 230 943 и 076 381 762. Радио МОФ денеска ги доби службите на првиот број, на вториот број никој не се јавуваше.