Цената на загадената животна средина: 1,7 милиони деца умираат годишно, вели СЗО

Повеќе од еден од четири смрни случаи на деца под петгодишна возраст се припишуваат на загадената животна средина. Секоја година, еколошките ризици како внатрешното и надворешното загадување, пасивното пушење, загадената вода, недостигот од санитарни и хигиенски услови, го одземаат животот на 1,7 милиони деца под пет години, забележуваат два нови извештаи на Светската здравствена организација.

Извештаите откриваат дека огромен дел од најчестите причини за смрт меѓу децата на возраст од еден месец до пет години како дијареа, маларија и пневмонија, се превентивни ако се намалат еколошките ризици.

„Загадената животна средина е смртоносна, особено за мали деца“, вели Маргарет Чен, генерална директорка на СЗО.

„Нивните развојни органи и имунитетниот систем, помалите тела и дишните патишта, ги прават особено ранливи на валканите воздух и вода“, вели Чен.

Во извештајот на СЗО стои дека со намалување на загадувањето, обезбедување на чиста вода и подобрување на хигиенските услови, со заштита на бремените жени од пасивното пушење и градејќи побезбедни животни средини, може да се превенираат детски смртни случаи и болести.