Целосна програма за „Summerland“ во скопскиот Градски парк

Од вечерашниот настап на џез-составот „Летечки пекинезери“, преку неделниот концерт на „Културно уметнички работници“, па се до проекциите на филмовите „Господ постои, името и е Петрунија“, „Џган“ и настапот на „Љубојна“, на „Школка“ скопскиот Градски парк до 28 јули ќе се одржува фестивалот „Summerland“.

Фестивалот под покровителство на Град Скопје нуди разни содржини за луѓе од сите возрасти. За најмладите има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии…

Во продолжение, погледнете ја целосната програма до 28 јули: