Царовска на средба со МОФ: Ќе продолжиме да ги унапредуваме младинските права и политики

Министерката за образование и наука Мила Царовска на состанок со претставници на Младинскиот образовен форум (МОФ) изразила подготвеност да продолжи да се унапредува соработката со младинските организации во насока на подобрување на правата и политиките за младите.

Министерката Царовска истакнала дека соработката со младите и нивното активно и посветено учество во носењето одлуки и креирањето политики е неопходно за квалитетни реформи и процеси за унапредување на квалитетот на образованието, но и подобрување на целокупниот животен стандард на младите во земјата.

Од Младинскиот образовен форум посочиле дека продолжуваат да бидат партнер на институциите преку изработка на истражувања, анализи и предлози за квалитетни младински политики и очекуваат тоа партнерство да продолжи со уште поинтензивна динамика во наредниот период.