Carl Cox ќе се повлекува: „Не сакам да бидам како Rolling Stones“

Ветеранот на електронската музика, Carl Cox, на сцената е преку 30 години. Од неговите скромни почетоци на кариерата до денес, сведочеше на турбулентни времиња во музичката индустрија, а во интервју за Daily Recoed вели дека Ибица доживеала најголема трансформација во светот на клабингот. Cox вели и дека размислува да се повлече.

„Не го кажувам ова затоа што сум стар, ама Ибица е упропастена. Погледнете го само хотелот „Hard Rock“ или Ушуаја и сите тие диџеи. Големи шишиња шампањско и ВИП ложи. Претходно сите беа на еден подиум“, вели Cox.

Некогаш малку познатото место на кое доаѓаа љубители на иста музика, благодарејќи на радио станиците како BBC1 и социналните мрежи, ја изгуби својата автентичност, смета ветеранот.

„Пред многу години ова беше мало место во Шпанија за кое не знаеја многу луѓе. Можевте да се возите наоколу, да одите на осамени места и да ги гледате зајдисонцата во мир. Сега е се поинаку, а причина за тоа се социјалните мрежи“, додава Cox.

53-годишниот диџеј, кој е еден од најуспешните во историјата, вели дека е подготвен да се повлече. Iako je

„Не сакам да бидам како Rolling Stones, не сакам така да изгледам. Верувам дека во животот мора да постои некој баланс. Диџеј сум преку 30 години, а сега работам повеќе отколку кога било досега. Имам енергија за сето тоа, но ми недостасува мирниот живот, девојката, татко ми, мајка ми и сестра ми. На крајот веројатно ќе продадам се што имам во Британија и ќе се преселам во Мелбурн, каде се чувствувам како дома“, открива легендарниот диџеј.