CareerLaunch 2.0 – саем кој ќе понуди одговор на прашањето „што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш“

CareerLaunch, саемот за започнување на кариера во иновативни tech и стартап компании, ќе се оддржи по вторпат на 5-ти и 6-ти мај во организација на Summer Work & Travel Алумни Македонија и Младински Инфо Клуб — Скопје.

Саемот ќе се одржува од 14 до 19 часот во Универзитетската библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Организаторите најавуваат дека саемот е отворен и за студенти, но и за вработени и фриленсери и дека тој ќе биде место на кое посетителите можат да го најдат одговорот на прашањето „Што сакаше да бидеш кога ќе пораснеш“.

„Преку саемот за кариера сакаме да им овозможиме на индивидуалците да ја пронајдат својата работа од соништата, а на стартап и tech компаниите да го унапредат својот тим со таленти кои ќе придонесат во реализацијата на идеите, иновативните проекти и нивниот целосен развој“, најавуваат организаторите.

Програмата за саемот е поделена во три дела:

Саем за кариера во иновативни tech и стартап компании –  Во кој посетителите ќе можат да добијат информации за можностите за кариера во заедницата на локални иноватори. Од компанија која е револуционер во образованието до компанија што работи со нови технологии.

CareerLaunch Talks – Одбрани говорници ќе ги споделат своите практични совети за кариера. Говори кои вклучуваат приказни за tech и креативните можности во Македонија, како до работа во стартап, како да се искористи талентот во фриленсерската професија и друго.

CareerLaunch Sharing of Knowledge –  Просторот каде самите компании го споделуваат свеоето знаење во нивната експертиза.

Настанот е бесплатен за посетители, додека задолжително е пријавувањето. Повеќе детали можете да добиете на Фејсбук страницата на Career Launch 2.0.