Cambridge го враќа приемниот испит бидејќи премногу студенти имаат највисока влезна оценка

Cambridge најверојатно ќе го врати приемниот испит бидејќи премногу апликанти добиваат највисоки оценки при приемот, велат од универзитетот. Ваквата одлука предизвика грижа кај учениците од јавните училишта, бидејќи нивното образование и немањето тутор им претставува голем недостаток во однос на оние од приватните училишта.

Универзитетот, кој неодамна беше прогласен за трет најдобар во светот, има проблеми да избере кои се најпаметните кандидати, бидејќи поголемиот дел од нив имаат A и A+ оценки. Тестот би требало да покаже кои ученици понатаму ќе бидат интервјуирани за место на универзитетот.

„Она за што луѓето се загрижени е дали резултатите од испитот оценети со А ќе значат исто што значеа досега“, вели Barbara Sahakian, професорка по експериментална психијатрија на Cambridge за Sunday Times. „Има многу студенти кои добиваат многу високи оценки, но не сите од нив ги имале истите оценки во минатото, па тешко е да не се дискриминира меѓу кандидатите“.

Постои загриженост меѓу учениците од државните училишта дека тие ќе имаат голем недостаток во однос на другите кандидати, бидејќи доколку тестот биде вратен, на приватно образованите ученици ќе им биде полесно да добијат тутор кој ќе ги обучува да положат.

Sir Richard Evans, почесен професор на историја на Cambridge и претседател на Wolfson College, предупредува дека постарите студенти кои аплицираат за место ќе имаат „сериозен недостаток“ во однос на помладите.

Според предлозите на универзитетот, апликантите би имале 45 минути да напишат есеј и да го полагаат „тестот на мислење“ и јазичниот тест.

Cambridge го укина приемниот испит во 1986 година и оттогаш бројот на студенти од државните училишта се зголемил за повеќе од 60 посто.

Извор: Independent