„caledonia“ е нова сила која се издига од алтернативната сцена на југоистокот на Велика Британија, спојувајќи ја меланхоличната горчина на слоу-кор жанрот со острата, агресивна енергија на современиот британски пост-панк.
Овој состав ќе настапува во Старата скопска чаршија во „Ла Кања“ на 9 мај од 21:30 часот, кога ќе има и локална поддршка од бендот „Трло“.
Следниот ден, во истиот термин „caledonia“ свири и во Битола во „Порта Џез“.
„Инспирирани од бендови како ‘Duster’, ‘Horse Jumper of Love’, ‘Slint’ и ‘My Bloody Valentine’, нивната музика е спој на интроспективна емотивност и суров интензитет. Најскоро имаат издадено две нови песни (‘Headaches’ и ‘Wilted Rose’), од нивниот нов EP ‘Palette of June’, кој ќе ја имаме привилегијата да го слушнеме во живо“, стои во најавата за настаните во Скопје и Битола.
Инаку, настапите на британците „caledonia“ се дел од нивната балканска тура, што започнува на 8 мај во Белград.