Со почеток од 20 часот и 30 минути, вечерва, 31 август во Ла Кања ќе се одржи проекција на збирката раскази „Млечни заби“ во издание на „Или-или“ на Хана Корнети.
Како што е најавено, за оваа прва книга на Корнети, ќе зборува Нина Милева која исто така ќе го води разговорот со авторката.
„Збирката раскази ‘Млечни заби’ е книжевно млечно запче на Хана Корнети. Иако збирката содржи и истоимен расказ, насловот на некој начин ги опфаќа темите на десетте раскази – слатките и неслатки маки при растењето како што се бледеењето на детството, кревката вечност на пријателствата, безначајните соништа и поучните кошмари, смртта на блиските, своеволието на книжевните ликови и првите симпатии. Секој чин е дел од неговиот создавач, па така и оваа книга е отцепено делче од Хана“, стои во најавата за настанот.
Инаку, Корнети паралелно дипломирала Философија и Историја во Анкара, а магистрирала Културолошки студии на универзитетот Сабанџи во Истанбул. Таа има напишано награден расказ од дневниот весник „Нова Македонија“. Истовремено е наградена пиеса, а неколку нејзини раскази се издадени во меѓународни електронски списанија.