Бутан, најеколошката држава во светот во која има најниски нивоа на јаглерод, го прослави раѓањето на синот на кралот и кралицата со садење на 108000 дрва.
Новородениот принц е прво дете на кралот Џигме Кесам Намгиел Вангчук и кралицата Џетсун Пема.
Во Уставот на Бутан пишува дека најмалку 60 отсто од земјиштето во државата мора да биде пошумено, но оваа „зелена“ прослава не била инспирирана само од посветеноста на земјата на еколошката презервација.
„Во будизмот, дрвото се смета за обезбедувач и негувател на сите животни форми“, вели Тензин Лекфел, координатор на иницијативата. „Симболизира долговечност, здравје, убавина и сочуство“.
Ова не е прв пат Бутан да руши рекорди со еколошките акции. Во 2015 година, земјата влезе во Гинисовата книга на рекорди со садење на 50000 дрва за само еден час.
Извор: Bored Panda