Бушава азбука се враќа на малите екрани

Излолацијата дома поради коронавирусот ја врати култната македонска серија „Бушава азбука“ на телевизија. Како што напиша на Фејсбук режисерот Слободан Унковски, емисијата е бесплатно отстапена за емитување на МТВ, а ФБ постот беше упатен кон министерот за здравство Венко Филипче.

„Драг Венко, овде Слободан Унковски. Со семејството на Горан Стефановски, денес и дадовме дозвола на МТВ да ја репризира бесплатно БУШАВАТА АЗБУКА, едукативна серија за деца во 31 епизода…Малку да помогнеме во пополнување на времето кога не се оди во школо“, напиша Унковски.

Емисијата е веќе ставена на програмата на МТВ1 и ќе се емитува од понеделник во термините 11:25 и 16:30 на МТВ1.