Бундестаг доделува стипендија на млади од Северна Македонија

Бундестаг заедно со Слободниот универзитет во Берлин, Хумболдт универзитетот и Техничкиот универзитет распишаа повик за Меѓународната парламентарна стипендија (IPS) наменета за младите од Северна Македонија.

Стипендијата трае 5 месеци и е наменета за високо квалификувани и политички заинтересирани млади луѓе, кои имаат желба по завршување на програмата да се вратат во своите татковини и активно и одговорно да учествуваат во формирањето на нивната демократска иднина.

Германскиот парламент, им дава на младите луѓе можност во текот на 13-неделна дејност кај член на Бундестагот да се запознаат со германскиот парламентарен систем и со процесите на донесување на политички одлуки и да стекнат практично искуство во областа на парламентарната работа.

Стипендистите ќе бидат избрани од независна изборна комисија на Бундестагот.

Услови:

  •  македонско државјанство
  • завршено високо образование
  • многу добро познавање на германскиот
    јазик
  • познавање на германската политика,
    општеството и историјата
  • помлади од 30 години на почетокот
    на стипендијата

Стипендијата изнесува 500 евра месечно. Трошоците за сместување, осигурување и пат се покриени.

Последен рок за прием на апликациите е 31 јули.

Повеќе информации може да добиете во Германската амбасада или на интернет на: www.bundestag.de/ips