Бугарскиот Парламент изгласа владините софтвери да бидат од отворен карактер

Бугарскиот Парламент ги усвои измените во Законот за електронско управување, со кој сите владини софтвери ќе бидат од отворен карактер и развиени од јавни пари.

Членот 58а од Законот вели дека административните власти мора да ги вклучат следните барања во своите тендери за набавка на софтвер:

„Кога предметот од договорот го вклучува развојот на компјутерските програми, мора да се почитуваат критериумите за софтвер од отворен карактер; сите авторски и останати права за конкретната компјутерска програма, нивниот код, дизајнот и дата базите, без ограничувања во користењето, измената и дистрибуцијата, додека развојот треба да биде направен во складиштето на агенцијата“.

Божидар Божанов, советник на бугарскиот премиер, напиша на својот блог дека „секој софтвер кој владата ќе го набави ќе биде видлив и достапен за секој. Сепак, тој е платен со парите на луѓето кои плаќаат даноци, така што тие треба да може да го гледаат и да имаат корист од него“.

Овој потег, според познавачите, претставува зголемена сигурност. Тие ќе можат да бараат пропусти и слабости во отворениот софтвер и да ги пријават на владите, или сами да ги поправат, пред тие да бидат злоупотребени.

Софтверот од отворен карактер, исто така, може да биде изменет за разни потреби, при процеси за ажурирање или за нови оддели кои бараат слични алатки со дополнителни карактеристики, без да се направат огромни трошоци, каков што е случајот со приватните продавачи.

Дополнително, владите кои одбрале отворен софтвер не мора да се задржат само на еден продавач, односно тие може да ги заменат продавачите во секое време, за подобра услуга или помали трошоци.

Засега, Франција, Норвешка, Бразил и САД користат алатки од отворен карактер.