БУФ – фестивал на германски филмови за деца 2016

Во Кинотеката на Македонија денеска напладне со филмот „Само за ничии очи“ во режија на Тали Барде, ќе биде отворен петтиот Фестивал за слика и филм за деца и млади „Буф 2016“, кој е фокусиран на заштитата на природата.

Темата во 2016 година, исто така, е од областа на природата, година во која во фокусот се четирите елементи: оган, вода, земја и воздух. Ќе биде прикажан висококвалитетен избор на германски филмови за деца и млади кои се оценети како исклучително вредни, соопшти Кинотека.

На програмата се проекции на пет филма со чии репризи фестивалот ќе трае до 15 мај. Филмовите се на германски, со превод на македонски јазик.

Програмата е реализирана во соработка со Гете-Институт, Скопје. Програмата е достапна на овој линк.