BTKRSH ја отвора летната сезона во Капан Ан со моќниот Octave

Со гостување на францускиот техно продуцент Octave во петок (15 мај), колективот BTKRSH ја отвора летната сезона во Капан Ан. Octave e сопственик на издавачката куќа Silent Steps, диџеј и продуцент, кој со своите изданија и сетови се наметнува како движечка сила на модерната француска техно сцена.

Тој пораснал во музичко опкружување, а своето прво искуство со миксетата го имал во 2003 година, па затоа се фокусира повеќе на минималниот пристап кон техно музиката. На почетокот од 2007 започнува со продуцирање сопствена музика, а по првите чекори во овој музички правец и после неколку изданија во периодот 2007-2008 година, беше избран од страна на Richie Hawtin да учествува во проектот „Sounds From Can Elles“. Во 2009 г. започна да развива уникатни живи настапи и да пушта музика во некои европски клубови, добивајќи фантастични реакции од подиумите на своите музички сетови.

Есента 2010 г. Octave создаде сопствена издавачка куќа „Silent Steps Records“ преку која се случија неколку соработки со многу талентирани артисти од светската техно сцена, како што се Drumcell, Audio Injection, Perc, Kyle Geiger, Ryuji Takeuchi, Luis Flores и други.

Деновиве Octave продолжува да се развива и надградува, а неговата музика комбинира длабоки техно битови, нагласени со возбудливи бас линии, „глич“ моменти и хипнотичка атмосфера.

Вечерта ќе ја надополнат Andras HZ, Marko Rikaloski, Martchin, Maggi.