Брзите тестови за ковид 19 од денеска ќе бидат бесплатни за граѓаните

Брзите тестови во Здравствен дом од денес ‘ќе бидат бесплатни за граѓаните, откако е добиена донација во Министерството за здравство од страна на две компании од 13.000 тестови.

Тестирањето ќе се закажува преку алгоритмот на матичните лекари за сите оние пациенти на кои ќе им биде потребно брзо тестирање.

Инаку, Здравствениот Дом Скопје во координација со Министерството за здравство минатата недела набави 4.000 брзи тестови за да им овозможи на пациентите достапно и брзо теститрање за ковид 19. Цената на овие тестови беше 1.000 денари, а термините се закажуваа телефонски преку Мој Термин.

Од Минситерството информираа дека Здравствениот дом веќе договорил со добавувачот да ги повлече претходно купените тестови и да се користат само тестовите донирани од Министерството за здравство.  Закажувањето за овие тестови ќе започне од денес.

Лицата пак кои беа тестирани во текот на вчерашниот ден ќе бидат повикани и средствата ќе им бидат вратени, соопштија од Министерството.