Брзината не убива“, нова поетска книга на Владимир Илиевски

Друштвото за издавачка дејност „Македонска литера“ од Скопје, неодамна објави нова поетска книга на Владимир Илиевски – „Брзината не убива“. Ова е седма поетска книга на Владимир Илиевски и содржи шеесетина песни кои се поделени во пет концепциски циклуси.

Владимир Илиевски е роден 1970 година во Скопје, дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност. Магистрира на истиот факултет.

Негови објавени книги се: Гледач на линија (поезија, 1997), Избор и случајности (поезија, 2000), Мојата лична амортизација (поезија, 2002), Цитатноста во лириката (книжевно-научна студија, 2007), Нема исти утра (поезија, 2008), Ноќна еротска програма (поезија, 2011), Лични податоци (поезија, 2014).

Застапен е во неколку антологии на современата македонска поезија. Негова поезија е преведена на бугарски, хрватски, српски, руски, англиски, италијански и литвански јазик.