Бруклинскиот амбиент поп-колектив „Cigarettes after sex“ на „Здраво, млади“

Младинскиот културен центар ги најави изведувачите што ќе настапуваат сцената на осмото издание на фестивалот за нова музика „Здраво, млади“, што ќе се одржи на 1 септември годинава.

Во МКЦ ќе настапат добропознатите соседи „Repetitor“, бруклинскиот амбиент поп-колектив Cigarettes after sex“, експерименталниот музичар Eric Copeland, американските „Wooden Shjips“, „Blanck Mass“ од Англија, македонските „Палиндром“, британската хип хоп артистка Flohio, диџеј Fitz од Ирска и германскиот експериментален рок бенд „Camera“.

Билети по цена од 600 денари можете да набавите преку продажната мрежа на MkTickets и на Билетарница МКЦ (Билетарница МКЦ до 16ти август работи од 16:00 до 20:00).

Сите известувања за фестивалот и настапувачите може да се следат на официјалниот Фејсбук настан.