Брошура за слободата на изразување и говорот на омраза

„Безомразно“ - нова веб страница за борба со говорот на омразаИнститутот за новинарство, медиуми и комуникации, во рамките на Правниот факултет „Јустинијан Први“ подготви брошура на тема „Слобода на изразување и говор на омраза“.

Идејата на брошурата е да се направи поимно и правно разграничување помеѓу слободата на изразување и говорот на омраза како и да се направи разликa со други блиски концепти како што на пример клеветата и навредата. Целта е да се преземат едукативни дејствија против ваквите состојби. Наводите во брошурата се во контекст на практиката на Европскиот суд за човекови права и домашното (национално) законодавство. Појаснувањата се во насока да придонесат за препознавање, изолација и осуда на антонимите на слободното изразување.

Брошурата е подготвена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, и е наменета за новинари, студенти по новинарство, медиуми и уредници, како и општата јавност кои ја третираат проблематиката на слободата на изразување, говорот на омраза, клеветата и навредата како и правната рамка во државата.

Брошурата преку порталот Безомразно,  може да се преземе на  македонски,  албански и  англиски јазик.