Сребро и бронза за атлетичарите Сара Дураку и Ардијан Шабани на Специјалната олимпијада Абу Даби 2019

Атлетичарката Сара Дураку освои бронза на трката на 100 метри на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Абу Даби.  Атлетичарот Ардијан Шабани освои два медали во две трки, сребро на 25 метри и бронза на 50 метри. Нивни тренер е Ифраим Лута, соопштија од Специјалната олимпијада на Македонија.

Ова се нови медали за македонските учесници, по двата златни медали кои ги освоија во пливање Марио Мицковски и Стефан Трпковски.

Македонскиот тим во Аби Даби има дваесет и шест спортисти кои се натпреваруваат во три дисциплини, пливање на 50 и 100 метри и штафета, атлетика и јунифајд кошарка и ревијално танцување.

Летните олимписки игри на Специјална олимпијада Абу Даби 2019 кои се одржуваат од 14-21 март, се најголемиот спортски настан со хуманитарен карактер на планетата. Учествуваат над 7000 атлети од 190 земји од светот кои ќе се натпреваруваат во 24 спортови.