Бројот на основци намален за 0,9%, а на средношколци за 2,2% во учебната 2016/2017 година

Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот на учебната 2017/2018 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 188.517, што претставува намалување за 0,9 % во однос на претходната учебна година.

Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2017/2018 година изнесува 70.861, што пак е намалување за 2,2 % од 2016/2017.

Инаку, во учебната 2006/2007 година во Македонија имало 231.497 ученици во сите паралелки – одделенија. Девет години подоцна, во учебната 2015/2016 година во сите училишта биле 185.992 ученици, што е намалување од над 45.000 основци за една декада.