Бројот на корисници на интернет во светот достигна три милијарди

Бројот на интернет корисници во светот за прв пат ја надмина бројката од 3 милијарди, соопшти Меѓународната телекомуникациска унија (ITU) во извештајот за ноември. 90 проценти од луѓето кои немаат пристап до интернет доаѓаат од најсиромашните држави и региони,  а тие можат да имаат и најмногу корист од поврзувањето на глобалната мрежа – од  подобро образование и пристап до лекар до подобра информираност и повеќе знаење.

Просечниот глобален пораст на користењето на Интернет е 6,6 проценти, а оваа цифра е повисока во развиените држави –  8,7, додека во државите во развој растот изнесува 3,3 отсто. Извештајот покажува дека две третини од интернет корисниците живеат во развиените држави. Планот на ITU е до 2020 година да се приклучат нови 1,5 милијарди корисници.

Иако станува збор за огромен исчекор кон иднината, сè уште сме далеку од идејата за целосна покриеност. Без пристап до iнтернет остануваат 4,3 милијарди луѓе.