Бројни пречки во владините програми за самовработување на младите

Тешко се реализираат програмите за самовработување на младитеУспехот на програмите за самовработување и развојот на претприемништвото зависат од младите во Македонија, се согласуваат упатените. Сепак, во услови на висока невработеност, кога половина од младите во Македонија седат дома, се поставува прашањето дали се ефикасни владините напори за поддршка на микро и мали претпријатија и самовработувањето, анализира Радио Слободна Европа.

Според Дарко Велков од порталот „Вработување Берза“, во земјава допрва треба да се развива претприемачкиот дух.

„Младите ќе имаат за задача да се одвојат малку од навиките на, да речеме, на родителите, коишто мора да ги пуштат да влезат во процес на едукација. Значи, одговорот е само во младите генерации, секоја генерација треба да биде попаметна од претходната и мора да даде нешто свое“, вели Велков.

Сепак, пишува Радио Слободна Европа, кога станува збор за отворање сопствен бизнис, за многумина стопанственици проблем претставува и деловната клима во земјава. За илустрација, дел од фирмите минатата недела зад микрофон се жалеа дека им биле блокирани жиро сметките поради присилна наплата на заостанат долг за радиодифузна такса. Износот на наплатата бил неколкупати повисок од оригиналниот трошок. Велков вели дека добриот претприемач ќе се снајде и во најтешки услови.

За Марјан Забрчанец од Младинскиот образовен форум, иако проектите за самовработување звучат како сон за секој млад човек,  ситуацијата на терен е поинаква.

„Пред се немаат достапност до работни вештини, она што им го нуди формалниот образовен систем, па ако сакате и во средно образование, понатаму на факултет на толку бројни дисперзирани студии резултира со знаење на хартија, односно парче диплома, меѓутоа не резултира со конкретни вештини, “ вели Забрчанец.

Целиот текст може да го прочитате на Радио Слободна Европа.