Бројна публика и одлична атмосфера на концертот на САРС во Скопје

Алтернативниот бенд САРС во четвртокот во Експо центарот направија одличен концерт за скопската публика. Предгрупа им беа Тајзи со својот бенд, диџеј Андреј Ѓошев и Боге Конга, кои имаа триесетминутен настап, по што на сцената се појавија членовите на српскиот бенд.

Бројна публика и одлична атмосфера на концертот на САРС во Скопје

САРС на концертот во Скопје го промовираа најновиот албум „Икона поп-културе“, кој беше неодамна издаден. Сепак, ова не ја спречи публиката да ги знае и да ги пее сите нови песни заедно со фронтменот Жарко Ковачевиќ.

Бројна публика и одлична атмосфера на концертот на САРС во Скопје

 На концертот беа изведени и старите, добро познати хитови за македонската публика, каде најмногу емоции и разиграност предизвикаа „Лутка“ и „То раде”.  Експо центарот беше полн, а Ковачевиќ изјави дека е среќен што повторно настапува воиСкопје, затоа што оваа публика знае како да се забавува.

Бројна публика и одлична атмосфера на концертот на САРС во Скопје

Иако темата на новиот албум на САРС е доста поразлична од досегашните, сепак овој албум беше прифатен од страна на слушателите, кои уживаа во повеќечасовниот настап во Експо центарот.

Александра Филипова