Бродвејски мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“ во Филхармонија

Првиот лиценциран бродвејски мјузикл за деца и младинци „Ени Јуниор“ вечерва (понеделник, 23 декември) од 19 часот ќе биде изведен во Филхармонијата.

„Ени Јуниор“ ја раскажува приказната за малото сираче Ени – алегорија за истрајноста, вербата, упорноста и надежта за подобро утре.

„Дело, комплетно преведено и препеано на македонски јазик, а изведено од деца и младинци на возраст од 7 до 18 години. Повелете, слушнете ги извонредните изведби на нашите солисти и хористи на легендарните „Утре“ (Tomorrow), „Тежок живот наш“ (It’s a hard-knock life), и многу други“, се вели во најавата за настанот.

Дел од средствата од продажбата на билетите, ќе бидат донирани во хуманитарни цели – во соработка со здруженијата „Проект Среќа” и „Дајте ни крилја”.

Покровител на проектот е Претседателот на Република Северна Македонија.