„Бродвеј под ѕвездите“ на „Види музика, слушни слика, добиј книга“

Најавена како „Бродвеј под ѕвездите“, на 18 јуни во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи годишната манифестација „Види музика, слушни слика, добиј книга“.

Настапот на Македонската филхармонија годинава ќе биде под диригентската палка на Борјан Цанев и со Сара Мејс како вокал.

За време на настанот ќе творат ликовните уметници Милан Андов и Стојан Ѓуриќ, а ќе бидат поделени и 20000 примероци од книгата „Фигури“ од Јан Неруда.

Организатори на настанот чиј почеток е најавен во 21:00 часот се Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар.