Бритпопот слави 20 години

Оваа недела светот на музиката прославува 20 години од појавувањето на жанрот бритпоп. Додека британските изведувачи прават слична музика низ годините, 1994-та беше пресудна година која што создаде музичко влијание, мода и култура за годините што следуваат.

Бритпопот слави 20 години

Ако таа година беше годината на раѓање на британскиот поп, кои беа албумите што го започнаа сето тоа?

Во деведесетитте, на вистинското место, во вистинско време се најдоа повеќе бендови кои беа спремни да ја разнишаат целата музичка сцена. Од класиците на Blur, Pulp и Oasis, па се до не толку познатите Shed Seven, Dogdy и други, ова се десетте албуми кои го започнаа сето тоа.

Pulp – His N’ Hers

Бритпопот слави 20 години

Иако беа активни повеќе од една декада, нивниот албум од 1994 година беше тоа што ги стави на музичките листи. Номиниран за наградата Mercury и исполнет со приказни за секс, мелодрама за лабаво и „зезање“ низ Шефилд, содржеше се што му беше потребно на бритпопот за да успее. Ова  им овозможи да се усовршат во нивното следно издание, ремек делото, Different Class.

The Stone Roses – Second Coming

02. The stone roses

Предците на бритпопот правеа музика која ќе го постави патот и ќе инспирира многу бендови од деведесетите, како што се Oasis и Pulp. Долгоочекуваниот нивен втор (и последен) албум се здоби со мешани реакции, но едно е сигурно – палката беше предадена на помладата британска генерација.

Suede – Dog Man Star

03. Suede

Нивното ремек дело од 1994 година можеби и дозволи бендот да прифати покарактеристичен пристап, притоа дистанцирајќи се од бритпопот, но тие сеуште беа под истиот банер на жанрот. Разликата е во тоа што ги отворија вратите кон помрачна и сексуална страна на овој стил на музика.

Dodgy – Homegrown

Бритпопот слави 20 години

Мешајќи инди звуци со летни поп химни, овој албум е во целост приказ на деведесетите. Дури и гитаристот Andi Peters поседува чиби-чан во тоа време… што повеќе да се каже???

The Charlatans – Up To Our Hips

05. The Charlatans

Не е тајна дека во овој период бендовите позајмуваа од 60-тите, но самите додаваа некој посебен шмек. Овој албум е жив доказ за тоа, а Rolling Stone го нарече еден од албумите на годината.

Blur – Parklife

06. Blur (1)

Damon Albarn е често нарекуван татко на шаблонот за изработка на бритпоп звук. Поставувајќи го патот со албумот од 1993, Modern Life is Rubbish, овој албум ќе започне со промена на музичката историја и ќе продаде МНОГУ примероци. Од другарската рок химна „Girls and Boys“ па се до предмилениумскиот страв во „End of a Century“ и генијалност во насловната песна на албумот „Parklife“, ова едноставно може да се нарече квинтесенцијалниот бритпоп албум.

The Lightning Seeds – Jollification

07. The lightning seeds

10 фантастични песни… И еве еден мал предизвик, обидете се да најдете Брит поп песна која повеќе ќе ве расположи од „Lucky you“.

Oasis – Definitely Maybe

08. Oasis

Деби албумот на браќата Gallagher е тоа што го трансформираше бритпопот од инди тренд во светска сензација, а да не зборуваме што направи за кариерата на самиот бенд и инспирираше создавање на идното ремек дело „(What’s the Story) Morning Glory?“. Да, заборавив да го споменам и креативното ривалство што ќе го предизвика меѓу Noel Gallagher и Damon Albarn од Blur…

Shed Seven – Change Giver

09. Shed Seven

Кога сме кај ривалствата, пред Oasis да ги добијат Blur за ривали, ги имаа дечкиве од Јорк, а тоа се должи на загубената битка за деби албум на годината. Со црпење инспирација од The Smits, овој албум може да се нарече една од посјајните точки во бритпопот. Штета што никогаш не го доби признанието кое го заслужуваше…

Nirvana – Unplugged In New York

10. Nirvana

Без нервози, ова дефинитивно не е бритпоп албум, но сепак служи за потсетување,  ода за кралот на гранџот Kurt Cobain. Од оваа година музиката се сели преку Атлантскиот океан, назад во Британија каде во овој период ќе владеат бритпоп бендови на музичката сцена.

Николај Митрески