Британско денс трио „Disciples“ ќе настапи на „Sea Dance“

Британско денс трио „Disciples“ ќе настапи на завршната вечер на овогодишниот „Sea Dance“.  На финалето на летната сезона во недела, 1-ви септември, популарните хитмејкери од Лондон ги носат песните кои последните неколку години не се симнауваат од светските радио станици.

Нивниот најголем хит „How Deep Is Your Love” е една од песните кои ја одбележаа деценијата која изминува. Нивниот вонсериски талент прв го препозна легендарниот Пит Тонг за чија издавачка куќа ја објавија клупската плоча „Catwalk“, но набргу потоа и првиот голем радиски хит „They Don’t Know“ . Успехот продолжиува до денес, а статусот на ударни ѕвезди го забетонираа со летните хаус химни „On My Mind“ и „Jealousy“.

Покрај британските ѕвезди во овој бран изведувачи на Си Денс пристигнува и младата германска продуцентка и диџејска ѕвезда Ловра (Lovra), која со својот талент го заслужи вниманието на големите имиња на светската електронска музичка сцена почнувајќи од Дејвид Гета, Арманд ван Хелден, Бејсмент Џекс и Феликс да Хаускет со кои настапуваше ширум светот.

На главната бина на фестивалот ќе настапи и еден од најбараните диџеи и продуценти на Балканот, македонскиот гениј Галоски, Димитри Вегас и Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Фед Ле Гранд и други. Под другиот алијас „Сенд енд Сенс“ (Sand & Sense) го објави и синглот „Cold Night“ кој излезе од рамките на регионалната популарност и се вброи меѓу најслушаните нумери на славното „Би-Би-Си Радио 1“.

Шестиот Си Денс ќе се одржува од петок, 30-ти август, до недела, 1-ви септември на скриениот бисер на Јадранскиот брег, плажата Буљарица во Будва. Настапите досега ги потврдија најуспешниот музички продуцент на 21-иот век Дејвид Гета, таткото на глобалното техно движење Свен Ват, еден од најценетите електронски изведувачи Ричи Хотин, водечкиот германски продуцент и диџеј Робин Шулц, француската клупска сензација, дуото Офенбах, и фамозниот германски продуцент Рекондајт, регионалните асови како големиот Дарко Рундек, моќната Сенида и популарните балкански рапери Суреал, Фокс, Кјукус, Хејз и Бекфлеш.