Британските уметници преку писмо порачуваат земјата да остане во ЕУ

Стотици познати британски уметници – актери, музичари, сликари и писатели, се потпишаа на писмо од 250 страници, во кое се повикуваат граѓаните на претстојниот референдум да гласаат земјата да остане членка на Европската унија. Меѓу уметниците се: актерот Бенедикт Кaмбрбeч, пејачката и актерка Палома Фејт и режисерот Дени Бојл.

Само неколку недели пред референдумот за ткн. „Брегзит“ (излезе на Велика Британија од Европската унија), закажан за 23 јуни, уметниците бараат земјата да не стане „аутсајдер“ и да остане во Унијата.

„Од најмалата галерија до најголемиот блокбастер, многумина од нас работеле на проекти што никогаш немаше да се случат доколку не беа парите од Европската унија“. Британија не е само посилна во Европа, таа има и поголема имагинација и поголема креативност, а нашиот глобален креативен успех би бил многу ослабнат кога би ја напуштиле Унијата“, пишува во писмото, меѓу другото.