Британски рибар ја улови најголемата златна рипка тешка 32 килограми

Риболовец од Обединетото Кралство стана крал на риболовот откако ја улови можеби најголемата златка рипка на светот тешка речиси 32 килограми, пишува „Еуроњуз“.

Енди Хакет, рибата позната како „Морков“ поради нејзината впечатлива портокалова боја ја улови во езерото Блувотер во Шампањ, Франција. Ловењето на рекордно големата риба траело 25 минути.

„Отсекогаш знаев дека ‘Морковот’ беше внатре, но не знаев дека јас ќе го уловам. Знаев дека е голема риба кога се фати за мамката и пливаше од една до друга страна одејќи горе – долу во водата. Потоа излезе 40 метри на површината и тогаш забележав дека е портокалова“, изјавил Хакет.

Фото: Еуроњуз

Рибата која години претходно ја избегнувала јадицата на риболовците е хибридна врста од кожен крап и јапонски крап, а наводно има 20 години. Таа претходно била ставена во езеро на рибарница во Франција што ја водел Брит Џејсон Коулер.

„’Морковот’ го ставивме внатре пред 20 години за да им понудиме нешто поразлично за ловење на клиентите. Оттогаш, таа растела и растела, но не излегува многу често на површината. Таа е многу тешка за да се улови“, истакнал Коулер.

По фотографирањето, како што информира „Еуроњуз“, ‘Морковот’ е вратен во водата.