Британски промотор купи остров во Хрватска за да организира фестивал

Британската компанија Sound Channel се здружи со хрватската оперативна компанија Gratiosus, со цел да го трансформираат островот Обонјан, во близина на градот Шибеник, во идилична дестинација за забава. Тие планираат да донесат стотици музичари, уметници, филозофи и готвачи на островот уште во следното лето.

„Ние работевме на овој проект три години што ни даде време внимателно да ги разработиме нашите идеи. Нашата визија за островот Обонјан е да го регенерираме островот и да го претвориме во вистински уникатен концепт, со комбинирање на уметноста и музиката, здравјето, неверојатната храна, пијалок и забавно и креативно сместување, се на идиличен островски рај“, изјави Dan Blackledge, директор на Sound Channel.

Носителот на проектот, Кристијан Гржетиќ додаде:

„Хрватска досега е призната како дестинација за семејства, а овој проект ќе ја стави заедно со светските трендови, како урбана и модерна дестинација“.

Соопштението објаснува зошто оваа година не се одржа Unknown Festival. Промоторите претходно ветија дека се работи на „нешто многу возбудливо што ќе се отвори во 2016 година. Вистински уникатен нов концепт и локација“.

Изминатава децениција, Хрватска стана жариште за електронските музички фестивали, со многу настани чии промотори се од Велика Британија. Покрај Unknown Festival, тука се и The Garden Festival, Stop Making Sense, Dimensions Festival and SuncéBeat меѓу другите.