Британски астронаут истрча маратон во вселената

Британскиот астронаут Тим Пик истрча маратон во вселената во рекордно време, на лента во во Меѓународната вселенска станица, додека илјадници го трчаа маратонот во Лондон. Пик ја отвори трката одбројувајќи преку видео порака додека тркачите чекаа на стартот во британскиот главен град.

Тој им се придружи на 400 километри над Земјата, преку симултан подвиг во вселенската станица, носејќи тежина на себе за да се спротивстави на нулта гравитацијата.

Откако го истрча маратонот, Пик напиша на Твитер дека додека истрчал 42 километри, Меѓународната вселенска станица поминала 100 000 километри. Тој е вториот кој истрчал маратон во вселената, откако американскиот астронаут Сунита Вилијамс трчаше на Бостонскиот маратон во 2007 година во рок од четири часа, 23 минути и 10 секунди.

Но, Пик успеа да го постигне новиот рекорд во вселената, со време од три часа, 35 минути и 21 секунда, според податоците објавени на Европската вселенска агенција. Гинисовата книга на рекорди потврди дека тоа е нов рекорд.

Во Лондон, пак, повеќе од 39 000 луѓе го завршија маратонот, што е најголем број досега откако настанот го одбележа своето 36 издание.

Пик е првиот Британец кој патува со Меѓународната вселенска станица. Тој полета во декември на шестмесечна мисија што создаде огромна возбуда во Велика Британија.