Британската нео-нацистичката организација ќе се смета за терористичка и илегална

Британската нео-нацистичка група ќе биде официјално класифицирана како терористичка организација и забранета со закон, за прв пат во Велика Британија.

Законот со кој се забранува фашистичката организација Национална акција денес бил предложен пред парламентот. Тоа ќе биде прв пат членување во политичка или лоби група да биде забрането со закон.

„Националистичкото младинско движење“ го поздравуваше и фалеше Томас Мер, кој ја уби пратеничката Џо Кокс, а користи и анти-семитистички јазик преземен од нацистичката партија на Адолф Хитлер.

Јоркширската гранка на партијата, која се верува дека се состои од 100 фашисти, го охрабрува и „активизмот на осамените волци“, фраза која вообичаено се користи за опишување на терористички дела извршени од индивидуалци.

Забранувањето на организации е тешко, бидејќи групите „често го евадираат законот“. Национална акција, сепак, ја „преминала линијата и го величела тероризмот“.

Еден „твит“ на групата прикажува фотографија од Мер, со пораката: „Гласајте за излез од ЕУ, не дозволувајте жртвата на овој човек да биде залудна. Џо Кокс ќе го наполнеше Јоркшир со повеќе инфериорни луѓе!“.

Од крајот на неделата, секој кој ќе им се придружи или ќе покаже поддршка кон Национална акција, ќе се соочи со кривично обвинение или замрзнување на банковната сметка.