Потребна е посилна регулација на рекламите кои покажуваат како мажите лошо се снаоѓаат во едноставни домаќински работи, па жените мора да ги средат по нив, смета регулаторното тело кое го контролира маркетингот во Велика Британија.
Регулаторите за маркетинг стандарди (АСА) го преиспитуваат својот однос кон рекламите кои прикажуваат стереотипични родови улоги. Тие заклучиле дека рекламите кои ги исмеваат луѓето кои не се однесуваат во склад со родовите типови и улоги прават штета на поединци, економијата и општеството и поради тоа ќе се направат нови правила, пренесува ББЦ.
Од АСА соопштиле дека одлучиле да спроведат анализа по големиот број поплаки во јавноста на маркетнинг кампањата од 2015-та година „тело спремно за плажа“, кое прикажуваше модел во бикини како реклама за производ за слабеење, однесување кое критичарите го посочија како социјално неодговорно.
Во минатото АСА забранувала реклами на основа на објектификација, несоодветна сексуализација и за сугерирање дека е пожелно за младите жени да бидат нездраво слаби.
Сепак, во неколку наврати, регулаторот добил поплаки за реклами кои прикажувале сексуални стереотипи или исмевале луѓе кои не ги следат традиционалните улоги, кои не биле анализирани или забранети бидејќи не го прекршувале досегашниот правилник.
Еден пример бил рекламата за адаптираното млеко за бебиња „Аптамил“, која прикажувала како девојчињата растат и стануваат балерини, додека момчињата инженери. Во друга реклама за брендот за облека ГАП, прикажано е дека момчињата стануваат научници, а девојките социјално популарни. КФЦ ланецот продавници за храна прикажува маж како се потсмева со друг маж кој е вознемирен поради недостиг на машкост.
Анализата на регулаторите покажала дека новите стандарди треба да имаат во предвид дали стереотипите
„Прикази кои охрабруваат застарени и стереотипични погледи на родовите улоги во општеството можат да поттикнат нефер состојби кај луѓето. Додека маркетингот е само еден од повеќето фактори кои придонесуваат до нееднакви родови ситуации, построгите стандарди во маркетингот можат да имаат важна улога во справувањето со нееднаквостите и подобрување на состојбата за поединците, економијата и општеството во целина“, смета Гај Паркер, претседателот на АСА.
Новите правилници нема да ги забрануваат сите стереотипи. Од АСА сугерираат дека се прифатливи рекламите во кои жените чистат или мажите вршат поправки низ домот.
Сепак, неприфатливо ќе биде доколку е прикажано како семејството прави хаос низ домот и единствено на жената останува одговорноста да расчистува, или доколку мажот биде прикажан „како се обидува и не успева во едноставни родителски или задачи во домаќинството“.
АСА заклучила и дека се проблематични рекламите кои сугерираат дека некои активности се соодветни само за момчиња или само за девојчиња.