Британија: Приватните училишта мора да им дозволат на државните користење на нивните базени

Приватните училишта во Велика Британија се повикуваат да ги отворат своите базени за учениците од државните училишта, со плановите најавени од секретарот за образование Демијан Хиндс.

Тој го повика приватниот сектор да направи повеќе за да им помогне на децата во нивните заедници да научат да пливаат, поради загриженоста за бројот на деца кои го напуштаат основно училиште без оваа вештина.

И покрај тоа што пливањето е задолжителен дел од националната наставна програма, помалку од половина од британските деца можат да препливаат 25 метри, до 11 години.

Хиндс изјави: „Како родител, сакам моите деца да уживаат во пливањето како дел од активниот начин на живот, а како секретар за образование, сакам да се осигураме дека нашите деца ќе пораснат безбедни и ќе немаат страв од водата.

„Затоа сакав да повикам повеќе приватни училишта да ги понудат своите базени, наставници или обука за нивните соседни локални државни училишта. Многу независни училишта веќе го прават тоа, но другите можат и мора да направат повеќе за да му помогнат на секое дете во нивната заедница“, рече Хиндс.

Сепак, одделот за образование не предложи никакви мерки што ќе ги принудат приватните училишта да ги споделуваат своите капацитетите за пливање. Околу половина од членовите на Советот на независни училишта кои имаат базени – 304 од 603 училишта – веќе ги споделуваат овие објекти.

Во 2015 година, претседателот на Британската олимписка асоцијација, Лорд Мојнихан, поднесе измена на амандманот за добротворни цели, кој ќе бара од независните-приватни училишта да ги споделат спортските објекти за да го задржат својот статус на добротворци.
Сепак, амадманот не помина.