Полицијата која го истражува бомбашкиот напад во Манчестер престанала да споделува детали од истрагата со Соединетите Американски Држави, по протечувањето на информации во американските медиуми, дознава ББЦ.
Британските служби биле „бесни“ откако фотографии од остатоците по нападот се појавиле во Њујорк Тајмс.
Преходно, американските медиуми, го објавија и името на бомбашот, само неколку часа по нападот во кој 22 лица загинаа, меѓу нив и деца, додека 64 беа повредени.
Државната секретарка за внатрешни работи, Амбер Руд, изјави дека е „иритирана“ од објавувањето на идентитетот на бомбашот, спротивно на желбата на Велика Британија и ги предупреди Вашингтон дека „такво нешто не смее да се повтори“.
Сепак, фотографии од остатоците по експлозијата, на кои биле вршени форензички испитувања дополнително протекле до Њујорк Тајмс. Американскиот весник објави крвави остатоци од бомбата и ранецот во кој се криела експлозивната направа. Тоа предизвика дополнителен бес од британските полициски служби.
Како што пишува британскиот јавен сервис, премиерката Тереза Меј оваа ситуација ќе ја разговара со Доналд Трамп на НАТО состанокот денеска.
Полицијата од Манчестер се надева дека нормалните разузнувачки информации помеѓу двете земји ќе продолжат набрзо.
„Форс“ кои се главните истражувачи на терен, ги даваат информациите на Националниот контра-тероризам, кои потоа ги споделуваат со владите на САД, Австралија, Канада и Нов Зеланд поради договорот за споделување разузнувачки податоци на овие пет земји.
Вкупно осум луѓе се во притвор поради нападот кој го извршил 22 годишен маж роден во Манчестер со потекло од Либија.