Британија: младите сè посиромашни, пензионерите сè побогати

Сиромаштијата кај младите возрасни лица и вработените во Британија за првпат е позастапена отколку кај лицата над 65 години, укажуваат резултатите од новата студија на влијателната фондација „Joseph Rowntree“ (JRF). Според студијата, речиси ист број луѓе живеат во сиромаштија во семејствата со вработени членови, колку и во семејствата со невработени. По еднодецениски пад на пазарот на трудот, вработувањето повеќе не е гаранција за избегнувањето на сиромаштијата, велат од фондацијата.

Британија: младите сè посиромашни, пензионерите сè побогати

Нејзиниот годишен извештај вели дека растот на вработувањето на одредено време и слабо платеното самовработување предизвикало остро зголемување на бројот на млади под 25 години кои живеат под прагот на сиромаштијата. Младите во оваа возраст се мачат да излезат на крај со намалените приходи, лошата перспектива и со високите цени на основните производи и услуги, од храната до домувањето. Меѓу 2008 и 2013, приходите паднале за околу 9 проценти, а несигурната работа била во постојан подем.

Недостигот од евтино домување ито така значи дека младите кои живеат во сиромаштија во најголем дел изнајмуваат приватно, скапо сместување, со поголем ризик да бидат иселени и да останат без работа. Околу 13 милиони луѓе во Британија се класификувани како „релативно сиромашни“, што значи дека нивните приходи се под 60 проценти од просечните.

Наспроти ова, на пензионерите, кои добија низа бенефиции од кон нив таргетираните владини политики, според последните податоци, нагло им се подобрува позицијата, а бројот на сиромашни меѓу лицата над 65 години е рекордно низок. Порано, пензионерите имале најголема стапка на сиромаштија меѓу сите возрасни групи, а сега се со најмала, се вели во годишниот извештај на JRF.

Британија: младите сè посиромашни, пензионерите сè побогати