Брендови ги извадија буквите А, Б и О од логоата во кампањата за донации на крв

Секторот за крв и трансплантации при Националната здравствена служба на Велика Британија ја започна кампањата #MissingType, во која трите букви со кои се означуваат крвните групи исчезнуваат од познати споменици и логоа на брендови. Целта е што повеќе луѓе да се охрабрат да донираат крв.

Многу познати компании, меѓу кои Мајкрософт, Теско и Гугл, како и иконичните светски споменици, како канадскиот знак „Торонто“ и холандскиот „I Amsterdam“, ги извадија буквите А, Б и О за наредната недела, со цел да ја подигнат свесноста за донирањето крв.

Кампањата, која трае од 16 до 21 август, се спроведува во 21 држава и поврзува 25 државни сектори за трансфузиологија од сите страни на светот.

„Без А, Б и О, ќе не нема никаде“, пишува во кампањата. „Помогнете да се пополнат празнините“.

Ова е втора кампањата на британската здравствена служба под името #MissingType, но прв пат е глобална. И покрај интернационалното учество, поголем дел од учесниците се британски корпорации и организации.