Бразилски уличен уметник го нацрта најголемиот мурал на светот за Олимписките игри

Бразилскиот графити артист Едуардо Кобра нацрта мурал од дури 2787 квадратни метри, создаден во чест на Летните олимписки игри во Рио.

Муралот, наречен Las Etnias, (Етникумите), е висок дури 15 метри, а се наоѓа во близина на пристаништето во Рио. На него има пет лица од пет различни континенти, кои ги претставуваат и петте олимписки прстени, како и културниот диверзитет на игрите.

Кобра, кој има 40 години и живее во Сао Пауло, работел на делото два месеци, а за тоа време искористил 378 литри бела боја, 1514 литри од други бои и 3500 лименки спреј. Доколку Гинисовата книга на рекорди потврди, муралот на Кобра ќе биде најголемиот на светот создаден од само еден човек.

„Ова се домородните луѓе на светот“, вели Кобра. „Идејата зад муралот е дека сите сме едно. Живееме во збунувачко време со многу конфликт. Сакав да покажам дека сите сме сплотени и поврзани“.