Бразил: Петицијата за азил на Сноуден ја потпишаа 1,1 милион луѓе

Активистите на глобалната граѓанска организација „Авааз“  на бразилското Министерство за надворешни работи му предадоа петиција која ја потпишале 1,1 милион луѓе и со која се бара Бразил да му одобри азил на поранешниот службеник на американската Национална агенција за безбедност, Едвард Сноуден, пренесе Макфакс.

Бразил: Петицијата за азил на Сноуден ја потпишаа 1,1 милион луѓе

Координаторот на организацијата, Мајкл Фрејтас, рекол дека давањето азил на Сноуден би бил значаен гест на владејачката (бразилска) структура, затоа што собирањето потписи за петиција го организирала преку интернет што обично го користи за добивање поддршка за свои политички иницијативи.

Потписите ги врачила група од 30 активисти на организацијата, кои носеле маски со ликовите на Сноуден, на бразилската претседателка Дилма Русеф и американскиот претседател Барак Обама.

Минатата година Сноуден обелодени дека САД масовно собирале податоци од телефонски разговори и електронски пошти во Бразил, најголема земја во Латинска Америка и дека цел на прислушување била и комуникацијата меѓу претседателката Русеф и нејзините соработници.

Сноуден сега се наоѓа во Русија, каде што лани доби привремен азил.